ТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: “Лавот“ Стевковски знае како против лидерот

336

За само две недели Струга ТЛ, лидерот на табелата, загуби 4 драгоцени бодови во битката за титулата и тоа на средбите со Македонија ЃП. Најголем “виновник“ за тоа е голманот на “лавовите“ Христијан Стевковски кој на овие да меча во Струга успеа да не прими гол во тие и повеќе од 180 минути.

Како и пред две недели, така и вчера, Стевковски беше централна фигура на средбата, токму затоа според „Спортмедиа“ тој е играч на колото.

Покрај него во идеалниот состав се и неговиот сограч Мишевски, а тука се и Бајрами, Куеве и Цефас од Шкупи, потоа Мојсов, Николов и Додев од Брегалница, Шаља и Чинари од Шкендија, Ѓорѓиевски од Силекс.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ХРИСТИЈАН СТЕВКОВСКИ

Тим: Македонија ЃП

Роден: 27.02.1999 во Скопје

Кариера: Скопје, Македонија ЃП

ПретходноШок: Видиќ се откажа, Џајиќ ќе биде нов претседател на ФСС!
СледноШтрлек и официјално во Нексе!