Напаѓачот Вилфред Заха деветта сезона по ред игра во Премиер лигата за Кристал Палас. Договорот му истекува на лето и се отвора можност кариерата да ја продолжи во странство. За него се интересира Ал Итихад од Саудиска Арабија кој е спремен да му понуди на репрезентативецот на БС Коска 10 милиони евра и тоа чисти пари, без данок.
А Кристал Палас сака да ја задржи својата главна ѕвезда и е спремен да го собори клупскиот рекорд во висина на платата. На „Селхарст парк“ се спремни да му понудат 220.000 евра неделно, што е околу 12 милиони евра на годишно ниво. Но тоа бруто плата, делот кој Заха би го добил изнесува околу 7 милиони евра.
Заха има 452 настапи за Кристал Палас, само Тери Лонг (480) и Џим Кенон (660) имаат повеќе од него во најсилната англиска лига.