Судијата му поништи, но ВАР му призна гол на Мората за победа на Атлетико (видео)

280

Со голот на Алваро Мората во четвртата минута од судиското продолжение, екипата на Атлетико Мадрид славеше со 1:0 на гостувањето кај Џирона во рамките на 25. коло на шпанската Ла Лига. Тоа беше интересен момент во кој прво судијата Мелеро Лопез го поништи олот мислејќи дека е офсајд, меѓутоа по реакција на ВАР тој ја смени одлуката и го призна погодокот.

Атлетико е на третото место на табелата со 48 бода, додека Џирона е на позиција број 12 со 30 бода. Инаку ова е трета победа на Атлетико над Џирона во Ла Лига.

 

ПретходноПартизан од -20 до победа над Црвена Звезда пред рекорден број на гледачи
СледноКлеј Томпсон испиша историја во првото полувреме против Феникс (ВИДЕО)