Фудбалот, како најважна споредна работа на светот, често со себе носи и несакани сцени. Така беше вчера во Кувајт на натпреварот меѓу младинските екипи Ал Араби и Ал Тадахмон.
Во еден момент, играч на гостинскиот тим колабираше на теренот и беше јасно дека се работи за многу тешка ситуација. Дотрчаа лекарите, настана вистински хаос на теренот, а потоа на сцена тренерот Русмир Цвико.
Цвико реагираше храбро, но пред се професионално и младиот фудбалер дојде при свест, иако многумина веќе помислија најлошото.
Тој беше префрлен во болница, а од клубот подоцна соопштија дека е во стабилна состојба.
في لفتة انسانية في الدوري الكويتي للشباب👏
مدرب الفريق الأول بالنادي العربي روسمير سفيكو أثناء تواجده بالملعب لمتابعة مباراة العربي والشباب يتدخل لأنقاذ لاعب التضامن بعد إصابته بتشنج أثناء سير اللقاء@Alarabi_SC pic.twitter.com/y9iAQp0oys
— KoooraWorld (@KoooraWorld) March 13, 2023