Битола се мобилизира, Пелистер ја почнува новата ера!

1746

Е.Пелистер вечерва (18 часот) на домашен терен го пречекува Нексе во последниот меч од групната фаза во СЕХА-лига. На овој дуел на клупата на битолскиот тим ќе дебитира Александар Јовиќ како главен стратег и Звонко Шундовски како тим менаџер.

Целта на клубот е да се стигне до фајнл-фор завршницата во ова натпреварување, а ракометарите на Е.Пелистер сами ќе одлучат како ќе чекорат до таму. Имаат неколку опции против Нексе, победа од шест и повеќе голови ќе значи прво место пред четвртфиналната битка, триумф од 4-5 гола значи освојување на второто место, додека пораз или реми, или пак победа од три гола надоле ги носи битолчани на последното трето место.

Фановите на Пелистер се мобилизираат за оваа средба, се очекува салата да биде исполента до последното место. Противникот е добро познат, ракометарите се подготвени да го дадат она што нивните поддржувачки го бараат оваа сезона.

„Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат“, изјави Гоце Ојлески. 

ПретходноНекогашен арбитар призна: Перез од мене бараше да му судам на Реал исто како Барса
СледноОбрадовиќ му одговори на Ивановиќ!