Холандскиот репрезентативец Донјел Мален, после Европското првенство најверојатно ќе го облече дресот на Борусија Дортмунд, јавуваат германските медиуми.
Мален во моментов е дел од ПСВ, а преговорите со неговиот менаџер Мино Раиола траат. Тимот од Ајндховен бара 30 милиони евра обесштетување, и се чини ќе дојде до договор.
Мален треба да биде замена за Санчо, кој според сите информации ќе се пресели во Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра.
Мален е дел од холандскиот нациоанлен тим и играше против Македонија. Трансферот би требало да се случи после ЕУРО 2020.