За Суперкупот на Италија во иднина ќе се борат четири екипи

95

Италијанската Серија А објави дека се направени промени во форматот на Суперкупот. Во иднина наместо два, четири тима ќе се борат за трофејот и тоа премиерно во 2024 година.

Овој формат се користи во Шпанија од 2020 година. Четирите екипи кои ќе учествуваат во битка за Суперкупот се првите две во Серија А и финалистите во Купот на Италија.

Досега во Суперкупот на Италија се играше по еден натпревар и тоа меѓу шампионот на Италија и победникот на Купот.

Сепак, овој формат со четири тима ќе важи само за следното издание на Суперкупот. Што се однесува до форматот за следните години „ќе се решава подоцна“, велат од Серија А.

Четири од следните шест изданија на натпреварувањето, вклучувајќи ги и оние во 2024 и 2025 година, ќе се играат во Саудиска Арабија.

ПретходноНово име кај „аѕурите“: Аргентинец ќе дебитира за Италија на мечот со Англија
СледноИ официјално, Драган Џајиќ ќе го води фудбалот во Србија