Пандев до Ангеловски: Шефе, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација!

1716

Горан Пандев кој пред неколку дена ја заврши репрезентативната кариера, со емотивен статус на „Инстаграм“ се обрати кон селекторот Игор Ангеловски.

Тој му се заблагодари на соработката и упати пофални зборови кон него.

„20.10.2015, прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратите репрезентацијата во живот… ги паметам зборвите кога рековте дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европското првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. ШЕФЕ, благодарам е малку да ви кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев. 

 

ПретходноБорец стартуваше со подготовките, промовирани пет нови имиња
СледноМартин Манасков уште една година во Охрид