Вечерва ќе се одиграат последните два реванш-натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, а фокусот ќе биде на дуелот меѓу Реал (М) и Ливерпул. По првиот меч Реал на гостувањето кај „црвените“ со пресврт дојде до фантастична победа од 5:2 и денеска на домашен терен ќе се обиде да ја сочува предноста и да се пласира во уште едно четвртфинале.
Историски, Реал има одличен скор со англискиот клуб. Тие победија на шест од последните седум натпревари меѓу овие два тима, а две победи беа во финалето на најпрестижниот турнир.
„Кралскиот клуб“ само еднаш во 27 наврати не успеал да оди во следната фаза од европските купови, кога победиле на првиот натпревар на гостински терен. Мадриѓани немаат примено повеќе од еден гол на домашен натпревар од април минатата година, кога загубија со 3:2 од Челзи.
Карим Бензема ја пропушти средбата со Еспањол, но продолжи со тренинзите со тимот и се очекува да биде на располагање за натпреварот. Веќе тренира и Давид Алаба, кој се повреди на првиот натпревар, но ќе го пропушти натпреварот. Добра вест за Анчелоти е опоравувањето на Ферланд Менди, кој би можел да биде префериран на левата страна на одбраната доколку е во оптимална кондиција. Ливерпул е без повредените Луис Дијаз и Тиаго Алкантара. Ситуацијата со тимот се искомплицира откако капитенот Џордан Хендерсон и Стефан Бајчетиќ го пропуштија вчерашниот тренинг. Двајцата ќе го пропуштат натпреварот во Мадрид.
МОЖНИ СОСТАВИ:
РЕАЛ (М): Куртоа; Карвахал, Милитао, Ридигер, Начо; Модриќ, Чуамени, Крос; Валверде, Бензема, Винисиус
ЛИВЕРПУЛ: Алисон; Александар-Арнолд, Конате, Ван Дијк, Робертсон; Фабињо, Кеита; Салах, Жота, Нуњез; Гакпо
Наполи го пречекува Ајнтрахт (Ф) со предност од 2.0 која ја обезбеди на гостувањето во Германија. Овој резултат ги става наполитанците во улога на фаворит, откако од 2017 година не се поразени во ЛШ на својот стадион. Од 2013 година имаат само еден пораз со повеќе од три гола разлика пред своја публика.
Ајнтрахт има сериозни проблеми со составот за овој дуел што може да биде уште еден минус за нив. Францускиот интернационалец Рандал Коло Муани беше казнет за црвениот картон од минатиот меч, а Јеспер Линдстром е повреден. Ерик Ебимбе дури вчера се врати на тренинзите и не е јасно дали ќе може да игра вечерва.
МОЖНИ СОСТАВИ:
НАПОЛИ: Мерет; Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Руи; Ангиса, Лоботка, Желински; Политано, Осимен, Кварацхелија
АЈНТРАХТ (Ф): Трап; Тута, Хасебе, Ндичка; Бута, Соу, Роде, Макс; Камада, Геце; Боре