Перо Антиќ сепак може да има противкандидат на Изборното собрание?

3556

Речиси изминуваат четири години од мандатот на Перо Антиќ на челната позиција на Македонската кошаркарска федерација. Поранешниот македонски репрезентативец и неговите соработници Изборното собрание го закажаа за 29. март во хотелот „Александар Паласа“ во Скопје.

Покрај претседател на КФСМ ќе бидат и избрани нов управен и надзорен одбор.

Антиќ на ова Изборно собрание сепак може да има противкандидат. Неофицијално дознаваме дека пред скоро време од страна на одредени клубови, но и личност поврзана со висока функција во друга спортска (највисоката) федерација, имале инцијатива да му застанат на патот на Антиќ до новиот мандат од четири години.

Станува збор за поранешен македонскиот судија со ФИБА значка и делегат, Петар Денковски. Покрај тоа што со години важи за еден од најдобрите македонски арбитри, тој е генерален директор на позната компанија.

Засега немаме потврда дали оваа иницијатива е згасната или пак во последен момент ќе се случи пресврт.

Перо Антиќ на чело на КФСМ дојде на местото на Петар Наумоски. Од она што стигна до нашата редакција како информација е дека засега поголем дел од клубовите му ја дале својата поддршка на поранешниот македонски репрезентацивец.

ПретходноАдем Мекиќ ќе го носи дресот на Задар!
СледноПролетна табела: Брегалница на врвот, само штипјани и стружани се без пораз, три екипи без победа…