Со оглед на тоа дека теренот на Сингелиќ е под суспензија, по се она што се случуваше на средбата меѓу Пехчево и Беласица, натпреварот на овој тим со Вардар кој е во рамките на 21.коло во ВМФЛ е закажан за во Кичево и тоа во недела на 19 март со почеток од 15 часот.
Тоа значи дека двете скопски екипи ќе мора да патуваат во Кичево да го одиграат овој натпревар.
Да потсетиме дека по 20.коло, Вардар е лидер на табелата во второлигашкото друштво со 49 бодови, два повеќе од Воска, четири од Гостивар и шест бода пред Пелистер.