Познати се 1/4 финалните двојки и во Лигата на Европа. Ждрепката во Нион сакаше Манчестер Јунајтед повторно да добие шпански ривал и тоа третпат по ред, но сега тоа е Севилја. Јуве го доби Спортинг, а Рома ќе игра против Феенорд, ова е и реприза на финалето од ЛК од минатата сезона, и на крај Леверкузен се среќава со Унион.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТО
М.ЈУНАЈТЕД – СЕВИЛЈА
ЈУВЕНТУС – СПОРТИНГ
ЛЕВЕРКУЗЕН – УНИОН
ФЕЕНОРД – РОМА
*Натпреварите се играат на 13 и 20 април
Извлечени беа можните двојки и за полуфиналето, а таму не очекува можен спектакл меѓу Јунајтед и Јувентус.
ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕТО
ЈУВЕНТУС/СПОРТИНГ – М.ЈУНАЈТЕД/ СЕВИЛЈА
ФЕЕНОРД/РОМА – ЛЕВЕРКУЗЕН/УНИОН
*Натпреварите се играат на 11 и 18 мај
Големото финале во ова натпреварување се игра на 31 мај на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта.