Гринвуд планира да се ожени со девојката која го обвини за силување

588

Мејсон Гринвуд планира да се ожени со девојката која го обвини за силување. Според таблоидот „Сан“, напаѓачот на Манчестер Јунајтед и неговата девојка Хариет Робсон планираат венчавка. Гринвуд веќе му кажал на семејството за своите намери.

Претходно се дозна дека парот чека бебе. Неодамна Гринвуд и неговата бремена придружничка беа забележани пред хотелот Лангам во Лондон. Да потсетиме дека во јануари 2022 година, Мејсон беше приведен во својот дом откако Робсон објави серија фотографии на социјалните мрежи, наведувајќи дека била малтретирана.

Фудбалерот бил осомничен за силување, напад, сексуален напад и смртни закани. Во февруари годинава тој беше ослободен од сите обвиненија. Гринвуд се уште не игра за Јунајтед и е суспендиран во очекување на внатрешна истрага.

ПретходноПоради проблеми со срцето Лукас Леива ја заврши фудбалската кариера
СледноОдермат е светски првак во велеслаломм (ВИДЕО)