Далиќ селектор на Хрватска до 2026 година

67

Она што се очекуваше, а по огромните успеси кои репрезентацијата на Хрватска на последните два Мундијали се случи она што едноставно и мораше да се случи. Златко Далиќ и натаму ќе биде селектор на оваа репрезентција, откако претпладнево Хрватскиот фудбалски сојуз објави дека е потпишана нова меѓусебна соработка до 2026 година.

Тој наскоро ќе стане селектор со најдолг стаж на кормилото на Хрватска престигнувајќи го легендарниот Мирослац Ќиро Блажевиќ. Далиќ дојде на позицијата селектор за време на квалификациите за Мундијалот во 2018 година.

 

ПретходноПет гола на Сара Ристовска, ЦСКА и натаму без грешка!
СледноПолувреме: Али Адем исклучен по остриот старт, и Шкупи и Струга ТЛ со водство, води и Силекс во Прилеп!