Со победи од 5:0 односно 3:0 екипите на Гостивар односно Беса во рамките од новото коло во ВМФЛ шампионатот, на домашен терен ги совладаа лесно и убедливо екипите на Слога Виница, односно тимот на Беласица.
Антонио Каланоски со хет трик уште во првиот дел од мечот покажа кој е кој на истиот, а до крајот Велинов односно Рушити ги поставија конечните 5:0.
Беса пак исто така немаше поголеми проблеми и ја совлада Беласица. Остатокот од колото се игра утре, односно в среда.