Супер – интересно беше на четирите попладневни средби од 28.коло во Премиерлигата.
Астон Вила го надигра Борнмут и го победи со 3:0, и тоа со головите на Даглас Луиз во 7.минута и Ремзи во 80.минута. Тимот од Бирмингем беше подобар, имаше неколку шанси, а во самиот финиш ВАР му поништи и уште еден гол.
Сепак да не се заврши со тие 2:0 се погрижи Буендиа во самиот финиш на мечот за конечни 3:0.
Брентфорд и Лестер одиграа возбудливи 1:1. Јенсен му донесе водство на домашниот тим во 32.минута, за да во 52.минута Барнс израмни на 1:1. Па така по бод за двете екипи.
Голеада на мечот Саутемптон и Тотенхем, но на крајот и двете екипи мораа да се задоволат со тие 3:3.“Спарси“ може да жалат зошто до 90+3.минута имаа водство од 2:3, но тогаш беше покажан пенал за домашните, истиот беше реализиран од страна на Ворд-Прајс за конечни 3:3, претходно стрелаа Волкот стрелаа за домашните, додека Поро, Кејн и Перишиќ беа стрелците за тимот од Лондон.
Лидс како гостин ги победи Вулфси со 2:4. Голема и екстра значајна победа за тимот на Лидс во битката за опстанок.