Рајо Валјекано и Џирона во меч од Ла Лига одиграа 2:2. На голот на домашниот тим беше Македонецот Столе Димитриевски, кој и покрај сите напори сепак не успеа да му помогне на својот тим да дојде до толку посакуваната победа во битката за Европа.
Рајо во два наврати водеше, имаше и пенал, но сепак на крајот резултатот гласеше 2:2.
Палазон во 23.минута донесе водство, потоа шест минути Циганков израмни на 1:1. Следуваше нов гол на Рајо и тоа преку Трехо во 34.минута за 2:1. Во 41.минута токму Трехо не успеа да реализира пенал за 3:1.
Казната стигна во 52.минута кога Циганков стрелаше за 2:2.