РБ Лајпциг го купува најдобриот стрелец на младинското ЕП

307

РБ Лајпциг е многу блиску до реализација на трансферот на Лукас Нмеча, најдобриот стрелец на неодамна завршеното младинско Европско првенство. Нмеча со младинската германска репрезентација ја освои европската титула, а тој со четири гола беше број 1 на листата на стрелци.

Нмеча е фудбалер на Манчестер Сити, а изминатите сезони играше како позајмен во Престон, па Волфзбург, па Мидлсбро, а претходните шест месеци беше член на Андерлехт.

РБ Лајпциг за овој 22-годишен крилен напаѓач ќе плати 10 милиони евра. Во трката се уште Ајнтрахт Франкфурт, Штутгарт и Спортинг Лисабон, но Лајпциг има најдобра понуда.

ПретходноАли Даеи: Чест ми е што рекордот го руши еден Кристијано Роналдо
СледноАлиоски во најдобриот тим во групната фаза на ЕП 2020