ТФТ им се врати на победите!

78

По поразот во минатото коло од Кожув на гости, ТФТ веднаш се врати на победите. Тимот од Тафталиџе на домашен терен го совлада составот на Академија ФМП со 86-75 во меч од 18 коло во Првата лига.

Избраниците на Боро Смилковски не беа убедливи, но одиграа доволно за триумф број 12 оваа сезона. Првата четвртина му припадна на гостинскиот тим, поведе со 14-19. ТФТ веднаш се врати во ритам, на одморот замина со позитива од 40-36, а по релативно изедначената игра во третиот период, во финалните десет минути малку „нагази“ особено кон крајот, кога успеа да победи со двоцифрена разлика.

Костоски со 21 поен беше прв стрелец, зад него беше Андерсон со 19 поени. На другата страна Меквин одигра уште еден одличен меч, постигна 27 поени, но премалку за изненадување.

ПретходноПролет и Пелистер први патници во Куп завршницата!
СледноНов гол на Роналдо – „торпедо“ од голема далечина, голманот немоќен