Сабаленка: Поминав низ пеколот, но кој ќе ми верува мене?

1302

Страстите во женскиот тенис не се смируваат. Иако Арина Сабаленка е во самата завршница на Индијан Велс, сепак Белорусинката мора да мисли на сосема други работи. Темата веќе е добро позната, војната во Украина, причина поради која Лесија Чуренко не сакаше да игра против неа.

Сабаленка која е втора тенисерка во светот и актуелна шампионка на Австралија Опен, уште еднаш ја искористи шансата да каже дека нема ништо со војната, дури и и помогнала на Украина.

„Мислам дека ВТА прави многу за да ја контролира ситуацијата, но не е тајна дека меѓу нас има тензии. И натаму сметам дека немам ништо направено на Украинките, ниту на руските и белоруските тенисерки. Ние дури и си помагаме меѓусебно. Некој од нас дури и помагаат на Украина. Поминав низ многу лоши работи, за жал не сум во можност да зборувам, кој ќе и верува на Белорусинка? Поминав низ пеколот, го разбирам тоа. Зборувам за нејзиниот тренер, сигурна сум дека и врши притисок“, изјави Белорусинката, која вечерва во финалето на Индијан Велс ќе се сретне со Рибакина. 

ПретходноИскреноста ќе го чини работа, Конте е среќен поради тоа!
Следно„Џордан без Пипен и Џексон е само мит, не успеа во ништо друго“