Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан го запишаа седмиот пораз оваа сезона. Локомотив Кубан повторно беше подобар тим во пресметката со клубот на македонскиот репрезентативец, овој пат на домашниот терен славеше со 78-70.
И покрај поразот, Уникс остана втор на табелата во ВТБ лигата зад ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ.
Нено во игра мина 20 минути за кои постигна шест поени, два скока и исто толку асистенции.