МЗТ Скопје вчера по поразот од Игокеа изгледаше дека полека ги губи шансите за да остане во елитното јадранско друштво. Но, денеска минималната надеж заживеа, и тоа благодарение на Мега која славеше против Борац со 80-86 по пресврт.
Бораџ е главен конкурент на актуелниот македонски првак во тешката битка за опстанокот во АБА-лига и следен противник во рамките на 23 коло. Оваа средба „сино-белите“ мора да ја добијат на гостински терен. Победа над девет поени ќе значи доближување до баражот. Пораз за Драган Николиќ и неговите избраници ќе значи крај на сите надежи.
Во распоредот во АБА-лига, покрај Борец се Задар на домашен терен, па Слит на гости, во последното коло е мечот со Цибона во Скопје.