Жозе во Рома ќе донесе португалски голман – Руи Патрисио доаѓа на „Олимпико“

473

ФОТО: Твитер

Рома се договорила со Вулверхемптон за трансфер на португалскиот голман Руи Патрисио на „Олимпико“ за сума од 6 милиони евра плус бонуси, пренесуваа „Кориере дело спорт“. Според изданието двете страни си подале рака, а Патрисио уште пред неколку недели ги договорил личните услуги.

Инаку, овој искусен португалски репрезентативец ќе потпише со Рома тригодишен договор.

„Волчицата“ на голманската позиција ги има Шпанецот Пау Лопез и Бразилецот Даниел Фузато но очигледно повеќе му верува на искусниот Патрисио. Да кажеме дека претходно си замина шведскиот чувар на мрежата Робин Олсен чиј договор истече.

Според дел од италијанските медиуми Рома е во трка по фудбалерот на Ајнтрахт, Филип Костиќ за кого е заинтересиран и Лацио.

ПретходноСтранска фирма сака да ги купи акциите на ФК Пелистер!
СледноЃоковиќ остана без титула во Мајорка