По поразот од Рен, сите играчи останаа на терен освен Меси (ВИДЕО)

473

Голем изненадување направи Рен, на гостување кај ПСЖ славеше со 2-0, нанесувајќи му го првиот домашен лигашки пораз во последните 36 меча. Пред почетокот на дуелот кога официјалниот спикер го читаше составот, сите играчи добија аплауз, освен Меси, кој беше исфиркуван.

Аргентинецот по поразот веднаш го напушти теренот и не остана со своите соиграчи да се поздрави со фановите, на кои им замери за ваквиот потег.

Ова беше причина повеќе Меси да размисли дали навистина ќе остане во ПСЖ и следната сезона, неговиот договор истекува на крајот на оваа.

ПретходноАдетокумбо стигна до историски трипл-дабл, кој Јокиќ веќе го оствари (ВИДЕО)
СледноЧави: Анчелоти ме изненади со својата изјава!