Голема и екстремно важна победа за Струга ТЛ на гостувањето кај Работнички. Триумф кој сега лидерот го става во извонредна позиција во битката за титулата. И главен за тие три бода секако дека е Христијан Малески, младиот напаѓач кој во негов стил го „реши“ Работнички. И затоа е играч на колото. Покрај него, во идеалниот состав на 24.коло од Струга ТЛ е и Фљамур Таири, извонредна партија на искусниот играч за врска.
Покрај нив двајцата во тимот на колото се голманот Алчевски, Руфати и Велиновски од А. Пандев, Маргвелашвили од Шкупи, Шаља од Шкендија, Рамани и Ѓорѓиевски од Силекс, Фазли и Мишевски од Македонија ЃП.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 04.05.2002 во Струга
Кариера: Струга ТЛ