Чикаго го „преживеа“ Ембид, по две продолженија ја сопре Филаделфија (ВИДЕО)

123

Кошаркарите на Чикаго го добија дуелот против Филаделфија со 109-105 после две продолженија. „Биковите“ успеаја да ја прекинат серијата на Сиксерси од осум победи.

МВП-то на Источната конференција, Џоел Ембид не го доигра мечот, поради шеста лична грешка мораше да го напушти теренот на 3:54 до крајот на второто продолжение. Без него Филаделфија е сосема друга екипа. Зад своето име запиша 37 поени, 16 скока и три блокади. Тој постави клупски рекорд, стана првиот кошаркар на Филаделфија кој успеал на 10 меча по ред да постигне 30 или повеќе поени.

Кај победникот Левин имаше 26 поени и 7 асистенции, додека Вучевиќ постигна 21 поен и 12 скока.

Чикаго пак се обидува да го пронајде своето место во плје-офот во Истокот, се наоѓа на 10 позиција со скор од 34 победи и 37 порази. Филаделфија е трета зад Бостон и Милвоки.

Резултати: Шарлот – Индијана 115-109, Филаделфија – Чикаго 105-109, Њујорк – Минесота 134-140, Хјустон – Голден стејт 108-121, Мемфис – Далас 112-108, Јута – Сакраменто 128-120.

ПретходноИграчите на Барса не можат да поверуваат во каква состојба е ногата на Левандовски!
СледноОд Битола пред дербито со Вардар 1961 најавија: Спремни за инвазија!