Откако пред три месеци ја предводеше Аргентина до светската титула, Лионел Меси буквално не може да ја напушти куќата во својата татковина, беше опкружен со навивачи. Ова се случи и синоќа во Буенос Аирес.
Меси дојде во главниот град на првиот од двата пријателски натпревари на националниот тим во март. Секако, доаѓањето на херојот на нацијата во земјава на првите мечеви по донесувањето на 36 години очекуваната светска титула ја крена и онака големата хистерија.
Меси се упати на вечера, се трудеше да биде незабележлив. Но, случајните минувачи на улица го препознаа, па настана хаос. Стотици навивачи ги блокираа улиците пред ресторанот. Навивачите на Меси чекаа два часа пеејќи и скандирајќи го неговото име.
“Don Julio”:
Por la presencia de Lionel Messi en ese restaurantepic.twitter.com/8Q53dHg976— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) March 21, 2023