Познато е што правеше Обамејанг во соблекувалната на Барселона!

308

Пјер-Емерик Обамејанг предизвика бес кај навивачите на Челзи додека беше во соблекувалната на Барселона во неделата славејќи ја победата на Ел Класико со своите поранешни соиграчи.

Шпанските медиуми пишуваат дека тој во неделата не дошол без причина да го гледа „Ел Класико“ и дека со останувањето во Барселона направил огромен чекор кон исполнување на својата најголема желба во моментов, а тоа е враќање на „Камп Ноу“.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Обамејанг им кажал на Жоан Лапорта, Чави Хернандез и на довчерашните соиграчи дека сака да се врати на лето и дека овој пат нема да му пречи ако е резервна опција за Левандовски.

И Барселона во јануари сакаше да го донесе Обамејанг на позајмица, но поради правилата на ФИФА тоа не беше можно. Сепак, се чини дека Габонецот на лето ќе се врати во каталонскиот клуб, што исто така го израдува Чави бидејќи конечно ќе има на располагање уште еден вистински напаѓач.

Она што особено ги радува челниците на Барса е фактот што Обамејанг ќе дојде речиси бесплатно затоа што во Челзи сакаат само што побрзо да се ослободат од него.

ПретходноЛвалива со репрезентацијата на Уганда, а Брегалница си закажа пријателска со Беласица!
СледноСкандал: Гризман го напуштил состанокот по одлуката Мбапе да биде капитен, размислува да не игра веќе за Франција!