Новак Ѓоковиќ нема да има шанса да се бори за титулата на турнирот во Мајорка во двојки. Српскиот тенисер и неговиот партнер Карлос Гомез-Ерера обезбедија финале, но поради повреда на Шпанецот мораа да се повлечат.
Во финалето требаше да играат против Молтени/Вавасори.
Ова значи дека Ѓоковиќ ќе има повеќе одмор пред стартот на грен слем турнирот „Вимблдон“ кој официјално ќе започне на 28 јуни.