По синоќешниот спектакл со Португалија во Будимпешта, кога беше 2:2, Франција во 1/8 финалето се среќава со Швајцарија.
Но лоши вести доаѓаат од таборот на Франција вечерва. Имено за само неколку минути на тренингот, се повредиле двајца репрезентативци. Станува збор за Маркус Турам и Томас Лемар. Посебно страдаше Лемар кој мораше со помош на докторите на репрезентацијата да го напушти тренингот.
Допрва ќе се знае дали и двајцата ќе можат да бидат во комбинација за следните мечеви на актуелниот светски првак. Но првичните информации велат дека повредите и на двајцата не се нималку наивни.
Incroyable ! Après Thuram il y a quelques minutes, Thomas Lemar quitte la séance d’entraînement, suite à un choc avec Mike Maignan. Il semble souffrir de la cheville. pic.twitter.com/y6QOjyN7cQ
— Julien Maynard (@JulienMaynard) June 24, 2021