Така е тоа во фудбалот, посебно кај тренерите. До пред некој месец Карло Анчелоти беше “господ“ во Реал Мадрид, сите го величаа како најдобар тренер во светот, а во последно време секојдневно се споменува како бивши.
Факт е дека Реал Мадрид оваа сезона е далеку од она што треба да биде, посебно фановите на овој клуб ги боли трите порази од Барса сезонава.
И затоа Флорентино Перез има намера во јуни да менува на клупата.
Се споменуваат голем број тренери, дури и тоа дека Жозе Мурињо ќе се врати, но на сите им јасно дека Дон Флорентино си има свој фаворит, а тоа е Зинедин Зидан. Тренерот со кој реал пред неколку години буквално господареше во фудбалска Европа.
Дека и Зизу ја посакува клупата на Реал, факт е дека тој постојано ги одбива понудите на ПСЖ, но и на некои други клубови.