Словенците му се поклонија на Ѓорѓиев: Две МВП награди и јуриш на шампионска титула!

149

Најдобриот македонски одбојкар во мометов, Никола Ѓорѓиев, овој март ќе го памети по двете МВП награди кои ги заработи во дресот на словенечки АЦХ Волеј. Нашиот коректор беше прогласен за најкорисен играч на финалето на Купот на Словенија, а потоа ја доби истата награда и во завршницата на Централно-европската МЕВЗА лига.

„Пред да зачекориме во финалето на државното првенство, со голема радост и возбуда се потсетуваме на двете ловорики кои ги освоивме во март и нашиот капитен Никола Ѓорѓиев. 34-годишниот мотор на тимот уште еднаш докажа колку голем човек и играч е. Со исклучителни настапи на финалето на Купот на Словенија и финалето на MEVZA ни помогна за освојување на титулата и на Купот“, објави денеска неговиот клуб.

АЦХ Волеј остана да ги обедини трите титули оваа сезона со шампионската титула во домашното превенство која е следна цел на тимот.

ПретходноСкандал: Тенисери “продавале“ гемови за 400 евра, а натпревари за 2.000 евра!
СледноПротив Ф. Острови без Зајков, Адеми и Димитриевски!