Манчини: Ова е само почеток на квалификациите

138

Репрезентацијата на Италија синоќа во рамките од квалификацискиот дуел против Англија загуби на домашен терен во меч кој патем е дел од нашата група. Конечните 1:2, се шокирачки за јавноста во оваа земја, која очигледно не може сеуште да се опорави од сензационалната елиминација од Македонија во рамките од баражот за пласман на Мундијалот.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, прокоментира дека на неговиот тим му е потребна радикална промена по поразот од Ангглија. Се чини дека овој пораз ја продлабочи кризата кај актуелниот европски шампион, кој не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар, а нивниот тренер ја сподели потребата од итно подобрување на играта на италијанската репрезентација.

„Првото полувреме започна добро, иако се вратија и постигнаа два гола. Видов неверојатен тим по паузата, но за жал не успеавме да израмниме. Примивме два гола кои можевме целосно да ги избегнеме. Требаше да бидеме поконцентрирани. Во вториот дел апсолутно доминиравме, додека првото полувреме беше поизедачено и ни беше тешко“, рече Манчини на прес-конференцијата по натпреварот.

„Мислам дека позитивната работа е што бевме лути поради поразот. Секогаш почнуваме силно во квалификациските кампањи и завршуваме тешко. Сега се надевам дека ќе се случи спротивното. Остануваат уште девет натпревари. Можеби загубивме денес, но претстојат уште натпревари. Нашите играчи се уште се способни и не се на крајот од кариерата“, –  додаде Манчини.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МОТОЦИКЛИСТИЧКИОТ ШАМПИОН ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ
СледноФФМ им вели благодарам на навивачите за поддршката