Традицијата продолжува: Легендите повторно се собраа во организација на ФФМ!

2395

Кога е нешто убаво, тоа треба и да се пофали. Посебно кога станува збор дека некој нашите фудбалски легенди ги почитува и респектира. Ова раководство на Фудбалската федерација на Македонија извесно време наназад пред секој натпревар на нашата А- репрезентација кога се игра во Скопје, пред мечот ги собира нашите фудбалски легенди.

Така беше и вчера, претседателот на ФФМ Муамед Сејдини организираше ручек и дружење со нашите некогашни репрезентативци, а тука беа како специјални гости, и Андон Дончевски првиот селектор на репрезентацијата и легендарниот Миодраг Белодедиќ, некогашен соиграч на нашите Панчев и Најдоски од времето кога Ц. Звезда владееше во фудбалскиот свет.

После дружбата и ручекот, сите заедно заминаа на Арената каде ги чекаше, како и секогаш, место во ВИП делот од ложата.

Така се ценат фудбалските величини, кои здушно навиваа, како што некогаш играа, за својата репрезентација на Македонија.

По мечот со Малта сите беа задоволни, Македонија победи уште еднаш.

ПретходноЕден Азар сезонава: 1 натпревар = 6,5 милиони евра!
СледноСаутгејт: Требаше порано да го завршиме натпреварот