Ибрахимовиќ постави уште еден рекорд во квалификациите

87

Напаѓачот на Шведска, Златан Ибрахимовиќ постави рекорд со настапот за националниот тим на мечот со Белгија. Со тоа шведскиот напаѓач со 41 година стана највозрасниот фудбалер што настапил на натпревар од квалификациите за ЕП.
Швеѓаните доживеаја дебакл од Белгија на свој терен (0:3) со хет-трик на Лукаку.
Претходно Ибрахимовиќ во поразот на Милан од Удинезе со 2:1 го постигна единствениот гол за „росонерите“ со што стана највозрасниот стрелец на гол во Серија А.
Швеѓанецот ќе го подобри рекордот на следниот меч против Азербејџан во второто коло од квалификациите.

ПретходноДа се биде или не за МЗТ Скопје: Време е да одиграме најдобро што знаеме!
СледноКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: Шпанија во ново руво, Норвешка напаѓа без Халанд