Неверојатно: Осумте најпосетени мечеви во историјата на Евролигата и сите кога Партизан бил домаќин!

1956

Неверојатен податок ни доаѓа од Белград, поточно од КК Партизан, од европскиот кошаркарски првак од 1992 година. Имено познато е дека кога Партизан игра дома, во Арената на Белград, тоа е празник на кошарката, тоа е спектакл.

Тоа се виде и на вчерашниот меч против Олимпијакос кога со помош на фановите, кои беа на број точно 20.003, четата на Жељко Обрадовиќ просто го растури силниот тим од Пиреја.

Фрапантно звучи овој податок кој вели дека осумте најпосетени мечеви во историјата на Евролигата се сите кога Партизан бил домаќин.

Секоја чест за Партизан, додека КК Црвена Звезда и покрај силните милиони кои ги “фрли“ државата Србија на овој клуб е далеку, далеку со светлосни години до она ниво на кое е Партизан, барем според посетата.

Инаку да кажеме дека Партизан оваа сезона е на чекор до пласман во плеј-офот во Евролигата.

НАЈПОСЕТЕНИ МЕЧЕВИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕВРОЛИГАТА

2008/09: Партизан – Панатинаикос (22.567 гледачи)

2013/14: Партизан – Реал Мадрид (21.374)

2009:10: Партизан – Макаби (21.367)

2008/09: Партизан – ЦСКА Москва (21.352)

2009/10: Партизан – Макаби (20.783)

2022/23: Партизан – Олимпијакос (20.003)

2022/23: Партизан – Фенербахче (19.661)

2022/23: Партизан – Макаби (19.011)

ПретходноПријателска: Струга ТЛ го “растури“ Караорман, броеше до осум, Јахја со хет-трик!
СледноУ-17: Македонија поразена од Романија