Мурињо до Озил: Сине, со твојата девојка има “спиено“ цел тим на Милан, на Интер и плус стручниот штаб!

24049

Месуд Озил, некогашниот репрезентативец на Германија одлучи среде сезона да ја заврши кариерата. Некогаш еден од најдобрите играчи за врска во светот, член на Арсена и Реал Мадрид покрај другите клубови, на крај заврши во турската лига.

Инаку познато е дека во времето кога беше во Реал Мадрид, тој немаше посебни симпатии спрема тогашниот тренер на “кралевите“ Жозе Мурињо, а причина за тоа била познатата старлета Аида Џеспика, која во тоа време му беше девојка на фудбалерот.

Имено откако Жозе дознал со кого е во врска неговиот фудбалер, тој го повикал во канцеларија и му “објаснил“ се што треба за фамозната и преубава Џеспика.

Сине, со твојата сегашна девојка има `спиено` цел тим на Милан, цел тим на Интер и плус стручниот штаб. Јас бев во Милано и знам многу добро која е Џеспика“ му рекол Португалецот.

No photo description available.

Овие негови зборови ги има потврдено и Флорентино Перез.

После состанокот со Мурињо, Озил и тоа како веќе не можел да го поднесе својот тренер, а не минало многу време тој ја раскинал врската со Џеспика.

Сепак односите со Мурињо засекогаш биле заладени.

ПретходноРаботнички рутински во Куманово, Чаир ги намачи гостиварци
СледноБаерн му ја исполни првата желба на Тухел