По триумфот над Малта со 2:1, во меч од 1.коло во квалификациската група-Ц за ЕВРО 2024, утре нашите “рисови“ ги чека контролката со Ф. Острови. Ова е добра можност да се “врзат“ две победи по ред, иако утрешниот противник не е воопшто наивен состав како што се чини на прв поглед.
И овојпат нашиот главен адут ќе биде нашиот Дијамант, Елиф Елмас, кој денеска пред новинарите истакна:
“Не се согласувам дека против Малта не беше во ред. Главно е што победивме и што ги почнавме квалификациите со три бода. Мора да се оди на победа на секој натпревар“ истакна Дијамантот.
Нема дилеми, според него, дека кога се игра за Македонија тоа е нешто друго, нешто посебно.
“Мотивацијата се знае кај мене. За Македонија секогаш и во секое време сум тука. Тоа што играм за Наполи останува таму, ова е репрезентација. Дали е важно да победиме? Секогаш. Дали ќе победиме? Ќе се обидеме да победиме во секој случај“ заклучи Елмас.