Јасно е дека ќе биде и тоа како „жешко“ попладнево во Скопје за време на мега – дербито во ракомет меѓу Вардар 1961 и Е. Пелистер. Тоа ќе биде уште една голема битка на двата наши најпознати и најтрофејни ракометни клубови кои денеска од 18 часот во салата “Јане Сандански“ ќе ги одмерат силите.
Јасно е дека гостите ќе ја имаат поддршката од своите најверни фанови – Чкембарите кои предмалку тргнаа од Битола за Скопје со порака – Ние тргнавме, а вие мислете му ја!