Барселона во следниот период ќе инсистира на продолжување на договорот со Алекс Балде.
Според шпански извори, клубот сака да му понуди на 20-годишниот дефанзивец договор до најмалку 2027 година со изгледи за зголемување на платата и клаузула за заминување во висина од 1 милијарда евра. Барселона јасно му стави до знаење на играчот дека ќе биде редовен стартен играч следната сезона.
Сепак, ограничувањето на платите поради финансиските проблеми на Барселона може да биде пречка за продолжување на договорот, затоа што претставниците на играчот, конкретно агентот Жорге Мендеш, инсистира Балде да добие двојно поголема плата. Барса се надева дека наскоро ќе ги договори условите од новиот договор на Балде, со цел и официјално да го објави на крајот од сезоната. Актуелниот договор на Балде со Барселона е до јуни 2024 година.