Само на Балканот: За дуелот Ц. Гора – Србија купил два билети по 5 евра, а преку оглас ги продава по 5.000 евра!

1701

И ова го има на Балканот, поточно во Црна Гора. Урнебес е мал збор, иако според некои балкански мерила овој човек е фраер.

Имено за вечерашниот дуел во Подгорица меѓу Ц. Гора и Србија еден човек најрегуларно си купл два билети за по 5 евра, значи потрошил 10 евра.

Цаката е во тоа што тој на оглас, односно преку ФБ истите тие билети ги продава дури и за 4.999 евра.

Сепак, да видиме што напишал на огласот во текот на вчерашниот ден.

Поволно продавам два билети за мечот меѓу Црна Гора и Србија. Цената за нив е по 499 евра, но таа после полноќ ќе скокне на 999 евра. Додека во текот на утрешниот ден, непосредно пред почетокот на мечот, цената ќе изнесува 4.999 евра за билет. Имате време да одвоите по 499 евра да уживате во магијата на Савиќ, Тадиќ, Јоветиќ, Влаховиќ, Митровиќ и останатите“.

Јасно е дека по овој оглас реагираше и тамошната полиција која веднаш му “стегнала“ прекршочна пријава за фраерот.

ПретходноСолун на нозе: Миленкоски го носи ПАОК во големото финале
СледноМаркез повторно опериран, нема да вози во Аргентина