Македонија секогаш и секаде оди на победа, така ќе биде и вечерва против Ф. Острови!

286

Ако со триумфот против Малта од 2:1, во првиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024, ја прекинавме серијата без победа која траеше од јуни минатата година, сега е време за нова победа во 2023 година.

Втор меч и втор триумф во оваа година нека биде вечерва од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во пријателскиот натпревар со Ф. Острови.

Секоја чест за ривалот, нели денеска сите знаат да играат добар фудбал, но Македонија треба да победи и да потсети на оние славни денови од времето кога игравме баражи за пласман на СП во Катар.

Не дека контролата со фараните е нешто екстра значајна, посебно не ако се знае дека станува збор за пријателски дуел, туку истиот треба да послужи како враќање на самодовербата, на победничкиот дух во пресрет на јунскиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024 во кој играме прво дома со Украина а потоа и гостуваме на Англија во Манчестер.

Затоа треба вечерва и тоа како да се „загрееме“ за тоа што не очекува во јуни.

Вечерва селекторот Благоја Милевски, веројатно во вториот дел ќе им даде шанса и оние играчи кои досега имаа помала минутажа, на оние кои со Малта не беа во преден план. Токму затоа служат ваквите контроли, и тоа е добро.

Сепак основниот приоритет на нашите “рисови“ треба да биде победа и само победа, впрочем тоа го најави и нашиот Дијамант вчера на пресот. Елиф Елмас вети дека Македонија ќе се обиде и тоа како да дојде до победата.

Па, нека биде така.

Напред Македонија!

ПретходноСпектакл на “Камп Ноу“: Кој не скока тој е “мадридист“…и Лапорта скокаше, 90.000 фанови го повикаа Меси да се врати дома! (ВИДЕО)
СледноКако на селски натпревар: Еве како селекторот на БиХ се расправаше со фановите! (ВИДЕО)