Висла Плоцк по подобро изведување на пенали во четвртфиналето на ЛШ

141

Во неверојатна драма која мораше да заврши со изведување на пенали, ракометарите на Висла Плоцк успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Полскиот состав вечерва како гостин (25:25), па поради тоа што и на првата средба беше нерешено (32:32), за пласман меѓу осумте најдобри мораше да решаваат пеналите.

Интересно е што полскиот тим имаше предност од 25:24 на десетина секунди пред крајот на мечот, но нивниот тренер Хавиер Сабате нерезонски одлучи да игра 7 на 6 во нападот, по што Полјцаците примија гол и мечот отиде на пенали.

Сепак, среќата ги посака, па во пенал-рулетот славеа со 5:4 и обезбедија четврфтинале каде за противник ќе го имаат тимот на Магдебург.

ПретходноТренерски „трилинг“ за кормилото на Тотенхем: Луис Енрике, Нагелсман или Покетино?
СледноВо драма во пет сета, Шкендија славеше на гостувањето кај Борец