Фановите на МЗТ Скопје по поразот од Борац Чачак во минатото коло, клучен меч за опстанок во АБА-лига, вечерва излегоа со неколку пароли на мечот против Задар, кој во овој момент се игра во СЦ „Јане Сандански“.
На кошаркарите на актуелниот македонски првак им испратија неколку пораки меѓу кои дека во АБА-лига се вистински ужас, а дека на крајот на сезоната сакаат 10. титула во домашниот шампионат.