Дамјан Крстевски е прво засилување за Ангели

327

Новиот кошаркарски прволигаш, екипата на Ангели, денеска го престави своето прво засилување. Во составот на тимот доаѓа Дамјан Крстевски, долгогодишен македонски репрезентативец во сите младински категории.

Крстевски во последните две сезони беше член на екипата на Вардар. Минатата сезона одигра 21 натпревар со просечна минутажа од скоро 30 минути на натпревари и со реализација од 7,9 поени по меч. 21-годишниот Крстевски претходно играше за Работнички и МЗТ Скопје.

ПретходноПо 30 години: Жељко Обрадовиќ повторно тренер на Партизан!
СледноКанатларовски ќе ја преземе У-21 селекцијата на Македонија