Во попладневниот термин во Бундес лигата се одиграа пет натпревари. Изненадување на колото е поразот на РБ Лајпциг во дуелот со Мајнц на домашен терен со 0:3. Лајпциг влезе во криза во незгоден момент, кога се бори за место во ЛШ, а ова им е втор пораз по ред откако пред паузата загуби од Бохум.
За гостите стрелаа Ингвартсен, Аџорки и Доминик Кор. „Биковите“ го претрпеа седмиот пораз сезонава и се на петтото место на табелата. Фрајбург можеше да направи убава бодовна предност во однос на Лајпциг но одигра само 1:1 против Херта, па така разликата е само два бода.
Унион Берлин го продолжува сонот за ЛШ. Денеска славеа со 3:0 против Штутгарт со головите на Бекер, Бехренс и автоголот на Харагучи, сите во второто полувреме.
А Шалке доживеа уште еден убедлив пораз. Загуби дома од Баер Леверкузен со 0:3 со голови на Фримпонг, Вирц и Азмун во второто полувреме.
Волфсбург губеше со 0:2 од Аугзбург но успеа да спаси бод. Со головите на Валдшмит и Нмеча во последните 10 минути од мечот донесоа бод за „волците“.