Алкалоид е првиот тим кој успеа да му го нанесе првиот пораз на Вардар оваа сезона, на домашен терен повеќе од заслужено славеше со 22-21. Сега веќе нема непоразени во плеј-офот, па битката за титулата станува уште поинтересна.
Трајкоски е човекот херој на домашниот тим, во клучните моменти не му дозволи на противникот да им го расипе големото задоволство, на крајот запиша 15 одбрани. Серафимов постигна седум гола, на другата страна ист број на погодоци имаше Манасков.
За разлика од дуелот против Тиквеш за мечот против дебитантот, Владо Недановски од стартот се одлучи за најсилен состав од прва до последна минута. Сепак тоа не вроди плод за почеток. Актуелниот македонски првак наиде на силен отпор и добро подготвена тактика и тоа од страна на еден дебитант.
Избраниците на Кирил Лазаров беа на ниво на задачата до 25 минута. Поведоа со 5-2 во десетата минута, па со 7-3 во 14 минута. На голот на Алкалоид беше одличен Трајковски.
Недановски беше принуден да повика два тајм-аута, кои пак не сменија ништо во играта. Со голот на Серафимов, Алкалоид во 20 минута поведе со 10-5, а потоа исто од седум метри поведе со седум гола разлика 13-6, од седум метри беше прецизен Илиевски. Токму по овој резултат се случи пад во играта на домашниот состав.
Вардар со серија од 9-2, почнувајќи од 25. минута до 41. минута, успеа да израмни на 15-15. Лазаров повика тајм-аут, а неговите момци направи серија од 3-0 за 18-15 на средината на второто полувреме, два гола постигна Илиевски, еден Серафимов, а важна одбрана имаше Трајкоски. Вардар врати со два гола за 18-17.
Алакоид одново зголеми на плус два (19-17 и 20-18), но тешко беше во вакви моменти да се игра на исто ниво како во првото полувреме.
Дебитантот не искористи два напади, па следеше казна, Манасков израмни на 20-20. Дури во 55. минута Георгиевски успеа да му донесе прво водство (20-21).
Ѓоргиев израмни на 21-21 за драма во последните три минути во Автокоманда. Трајкоски запиша нова важна одбрана, Серафимов од седум метри го совлада Борко за 22-21 во 28:30 до крајот.
Нова одбрана на Трајкоски го донесе Алкалоид на чекор до победа, но Серафимов направи чекори. По нов неискористен напад на дебитантот, Вардар имаше нова шанса за реми, времето измина за голема радост во редовите на домашниот тим.