Хамилтон се договорил со Елон Маск да го прати во вселената со SpaceX

505

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, призна дека се договорил да направи лет во вселената по средбата со претприемачот Елон Маск.

„Не е лесно да се разговара со овој тип на луѓе бидејќи тој е на различно ниво на размислување и поинаку гледа на работите. Но, во некоја фаза ќе одам во вселената со SpaceX. Ќе ги прескокнам другите луѓе во редот, бидејќи понекогаш ракетите експлодираат на пат нагоре! Илон и јас разговаравме за одење на Марс и навистина сум подготвен да одам во вселената во која било фаза од развојот на компанијата. Му кажав на Маск дека сам ќе управувам со бродот, но мислам дека таму се е автоматизирано и мојата интервенција нема да биде потребна“, изјавил Британецот.

ПретходноБарселона моќно кај Елче, јуриш на титулата во Ла Лига (ВИДЕО)
СледноРобињо го предаде пасошот, затворот не му бега!