Невен Костадинов дебитираше за Тиквеш на 16 години

1811

Македонскиот ПМФЛ шампионат вчера го имаше своето 25. издание сезонава, а во него, тимот на Тиквеш извлече бод во ремито без голови во Штип против тимот на Брегалница.

Меч кој засекогаш ќе го помни младиот, 16. годишен играч на Кавадарчани, Невен Костадинов кој доби шанса да го финишира дуелот, и со самото тоа да дебитира за првиот тим на Тиквеш.

Според зборовите на тренерот Ѓорѓи Мојсов, се работи за еден од неколкуте кадети кои се приклучени на првиот тим на Тиквеш и кој сериозно се наметнуваат како опција и покрај нивната младост. Костадинов е класичен играч за врска, со дефанзивни задачи но и офанзивата не му непознаница, па сигурно дека до крајот на сезоната, а со оглед на комфорноста на Кавадарчани кога станува збор за бодовното салдо тој да доби сериозна минутажа и шанса во првите единаесет.

 

ПретходноЧелзи веќе загуби милиони, а ќе мора да плати отштета ако го сака Нагелсман!
СледноСедлоски ќе биде нов тренер на Влазниа Скадар