Ракометарите ќе добијат премија од два милиони денари за пласман на ЕП 2024 година!

121

Македонската машка ракометна репрезентација е на чекор да се пласира на ново големо натпреварување – Европско првенство 2024 година. Избраниците на Кирил Лазаров по двата порази од Португалија ќе бараат потврда на второто место на табелата во својата група, против Турција на домашен терен и на гости кај Луксембург.

Управниот одбор при РФМ на седницата која се одржува во овој момент одлучи за пласманот на ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија, ракометарите да добијат премија од два милиони денари.

ПретходноЛазаров за СП 2023: Потфрливме против Аргентина, да не заборавиме бевме најмлада репрезентација
СледноМукаетов: Да го задржиме култот – репрезентативниот дрес е светост!